Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и оваа година активно продолжува со спроведување на Планот за активности во делот за унапредување на општествената одговорност и по тој повод се вклучи во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. За таа цел, сите вработени на МАПАС спроведоа акција за засадување на дрвца на локалитет Миладиновци.