Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД го објави најновиот број на изданието “Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2022 година“.
По добрите резултати во 2021 година, прелиминарнте податоци на ОЕЦД за 2022 година покажуваат дека вредноста на пензиските средствата забележа пад во повеќето земји членки на ОЕЦД односно вкупната вредност на пензиските средства во земјите членки на ОЕЦД забележа пад од 16%. Додека пак, вкупната вредноста на пензиските средства во земјите коишто не се членки на ОЕЦД забележа раст од 4,7%.
Ваквите резултати најмногу се објаснуваат со негативните инвестициски стапки на принос (и во номинален и во реалан износ) коишто беа забележани во земјите членки на ОЕЦД. Исто така, пензиските планови забележаа негативни реални стапки на принос и во повеќето земји коишто не се членки на ОЕЦД.
Ниските инвестициски стапки на принос најмногу се должат на инфлацијата, зголемувањето на каматните стапки и намалување на вредноста на акциите. Растечката инфлација, заедно со зголемувањето на каматните стапки влијаеа на намалување на вредноста на обврзниците во портфолијата на пензиските планови, чиешто учество надминува 48% од инвестициите во 65 истражувани земји. Дополнително беа забележани инвестициски загуби предизвикани од намалувањето на вредноста на акциите на светските берзи. Некои од најголемите индекси на акции забележаа пад во 2022 година во однос на 2021 година (на пр. S&P500, забележа пад од 19%, Nikkei 225 пад од 9% и DAX пад од 12%).
Најновиот број на изданието “Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2022 година” е на следниот линк:
PMF_2023_Preliminary_2022_Data.pdf (oecd.org)