Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС ја зајакнува посветеноста кон интегритетот и транспарентноста во работењето

Во согласност со стратешките заложби за јакнење на интегритетот во јавните институции, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја потврдува својата решеност за одржување на високи етички стандарди, транспарентност и одговорност во работењето.

Државната комисија за спречување на корупција спроведе мониторинг на процесот на следење на примената на системот на интегритет во јавниот сектор, преку објавување на Прашалникот за примена на системот на интегритет и врз основа на добиените податоци изготви ранг листа на институции според процент на исполнување на обврските.

Во извештај од спроведен мониторинг на примената на системот за интегритет објавен од Државната комисија за спречување на корупција, МАПАС се најде на трето место според процентот на исполнување на обврските кои произлегуваат од системот за интегритет во целост.

МАПАС активно работи на унапредување на системот на интегритет преку воспоставување , спроведување и следење на примената на Политиката за интегритет и  донесување на  прописи и упатства што произлегуваат од политиката, се во насока на зајакнување на интегритетот на вработените и на институцијата.

МАПАС останува посветена на континуирано унапредување на својот систем на интегритет, со цел зајакнување на довербата на граѓаните и осигурениците во пензискиот систем и обезбедување на стабилност и сигурност во пензиското осигурување.

Линк од веб страната на ДКСК.

Линк од: Извештајот од спроведено следење на примената на системот за интегритет за 2024 година 

Skip to content