Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС остварија работна средба со тимот на Програмскиот менаџер од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, г-ѓа Ружица Андроникова. Средбата се одржа со цел разгледување на можностите за реализација на идни проекти насочени кон усогласување и исполнување на европската регулатива во областа на капитално финансирано пензиско осигурување и други релевантни сегменти.

Во рамките на средбата, претставниците на Агенцијата ја информираа г-ѓа Андроникова за успешно спроведените ТАИЕКС мисии, кои имаа значајна улога во развојот и унапредувањето на капитално финансираното пензиско осигурување во земјата. Средбата беше искористена и за дискусија за идни форми на поддршка од ЕУ, со акцент на техничка помош и експертска соработка за понатамошно јакнење на капацитетите на институциите во согласност со ЕУ стандардите.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС останува посветена на процесот на европска интеграција и континуирана соработка со европските институции со цел обезбедување одржлив и модерен пензиски систем, усогласен со најдобрите европски практики.

Skip to content