Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за седмото издание на Дигиталниот самит на Западен Балкан

Претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) присуствуваа на седмото издание на Дигиталниот самит на Западен Балкан, кое се одржа во Скопје.

На настанот учествуваа Претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами, како и Главните советници на Претседателот на Советот на експерти, Пранвера Сума и Марија Поповска.

 

Дигиталниот самит на Западен Балкан претставува значајна регионална платформа за размена на идеи и искуства во областа на дигиталната трансформација, иновациите и развојот на дигиталните услуги. Настанот овозможува продлабочување на соработката меѓу институциите, деловната заедница и академскиот сектор во насока на забрзување на дигиталната интеграција во регионот.

Присуството на МАПАС на ваков самит претставува потврда на заложбите на Агенцијата за следење на современите трендови и промовирање на дигитални решенија во системот на капитално финансирано пензиско осигурување.

 

Skip to content