На 30 октомври 2025 година, по повод „Денот на осигурувањето“, кој се одржа во Македонската филхармонија во Скопје, присуствуваа Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами и Главниот советник на Претседателот на Советот на експерти, Пранвера Сума. Настанот, организиран од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, беше посветен на одбележување на 16 години од постоењето на оваа агенција и значајната улога која ја игра во надзорот на осигурителниот сектор.
Настанот се одржа во периодот од 19:00 до 22:30 часот, а во рамки на истиот беа истакнати важни теми и постигнувања во областа на осигурувањето, како и идните предизвици на ова поле.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk