Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја информира јавноста дека висината на месечниот надоместок што Агенцијата го наплатува изнесува 0,6% од вкупните придонеси уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд.
Намалувањето на овој надоместок претставува значајна мерка во интерес на членовите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Со пониските трошоци се поттикнува поефикасно управување со средствата и се овозможува позитивно влијание врз нето-состојбата на индивидуалните сметки на членовите. Ова придонесува за поголема одржливост, ефикасност и транспарентност на пензискиот систем.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk