Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС одржа онлајн едукативно предавање за вработените во Инфинум по повод Деновите на финансиска писменост

По повод Деновите на финансиска писменост, МАПАС одржа онлајн едукативно предавање за вработените во компанијата Инфинум, со цел да се зајакне информираноста за функционирањето на пензискиот систем и важноста од навремено и одговорно финансиско планирање. Онлајн форматот овозможи активно учество на голем број вработени.

Експертите од МАПАС ги обработија клучните аспекти на тростолбниот пензиски систем, со акцент на неговите придобивки за младите. За вработените кои сакаат да изградат дополнителна финансиска сигурност за иднината, беа презентирани можностите за доброволно штедење, принципите на работење на третиот столб и начинот на кој граѓаните можат да го следат растот на своите средства преку постојните дигитални алатки.

Преку практични примери беше нагласено колку е значајна улогата на стабилен и функционален пензиски систем за долгорочна финансиска стабилност. Онлајн форматот овозможи интерактивна дискусија со прашања и коментари, што придонесе за динамична и ангажирана атмосфера меѓу учесниците.

Skip to content