Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 16 декември 2025 година, донесе Одлука за именување на Пранвера Сума за професионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.
Со оваа одлука се зајакнува институционалниот капацитет на Советот на експерти, кој има значајна улога во стратешкото насочување, стручната поддршка и унапредувањето на регулаторната и супервизорската рамка на системот на капитално финансирано пензиско осигурување.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и упатува честитки на г-ѓа Пранвера Сума за именувањето и изразува уверување дека нејзиниот професионален ангажман ќе придонесе кон понатамошно јакнење на стабилноста, транспарентноста и ефикасното функционирање на капитално финансираното пензиско осигурување.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk