Претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Ремзи Бајрами, заедно со членовите на Советот на експерти, Пранвера Сума и Дарко Саздов, како и Главниот советник на Претседателот на МАПАС, Марија Поповска, остварија работен состанок со членовите на Надзорниот и Управниот одбор на ВФП Пензиско Друштво АД Скопје.
На состанокот беа разгледани актуелни прашања поврзани со функционирањето на пензискиот систем, унапредувањето на корпоративното управување, како и идните активности насочени кон зголемување на транспарентноста и заштитата на интересите на членовите на пензиските фондови.
Двете страни ја потврдија својата заложба за континуирана соработка и размена на информации, со цел понатамошно зајакнување на стабилноста и ефикасноста на пензискиот систем.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ќе продолжи активно да придонесува кон развојот на вториот и третиот пензиски столб, во насока на обезбедување сигурна и одржлива пензиска иднина за граѓаните.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk