Претседателот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Ремзи Бајрами, и членот на Советот на експерти, Пранвера Сума, одржаа работен состанок со членовите на Управниот одбор на ВФП Пензиско друштво АД Скопје.
На состанокот беа разгледани актуелни прашања поврзани со функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување, како и предизвиците и можностите за понатамошно унапредување на пензискиот систем.
Соговорниците разменија мислења и искуства во насока на унапредување на регулаторниот дијалог, зајакнување на меѓусебната соработка и обезбедување ефикасно, стабилно и одржливо функционирање на пензиските фондови.
МАПАС и понатаму останува посветена на континуиран дијалог и соработка со пензиските друштва, со цел заштита на интересите на членството и развој на сигурен, транспарентен и одржлив пензиски систем.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk