Претседателот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Ремзи Бајрами, и членот на Советот на експерти, Пранвера Сума, учествуваа на работна средба со делегација на Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (HANFA), која се одржа во периодот од 9 до 12 јуни 2026 година, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
На средбата присуствуваа и претставници на Комисијата за хартии од вредност, при што беше овозможена размена на искуства и добри практики меѓу институциите надлежни за супервизија на финансискиот сектор.
Во текот на работните сесии беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, меѓу кои организациската поставеност на регулаторните институции, пристапите во супервизијата базирана на ризици, развојот на институционалните капацитети, заштитата на корисниците на финансиски услуги, како и актуелните предизвици поврзани со усогласувањето на националните регулаторни рамки со европските стандарди.
Претставниците на МАПАС ги презентираа надлежностите и активностите на Агенцијата, како и искуствата во супервизијата на задолжителните и доброволните пензиски фондови. Во рамките на дискусиите беа разменети искуства и ставови во однос на управувањето со пензиските фондови, заштитата на членовите на пензиските фондови, управувањето со ризици и натамошното унапредување на супервизорските практики.
Работната средба претставува значаен придонес кон зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка и размената на знаења меѓу финансиските регулатори во регионот, со цел примена на современи супервизорски практики и меѓународни стандарди.
МАПАС останува посветена на развивање и продлабочување на соработката со сродни институции од регионот и Европа, како и на континуирано унапредување на супервизорските капацитети во насока на обезбедување стабилен, транспарентен и одржлив систем на капитално финансирано пензиско осигурување.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk