Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС учествуваше на брифингот за медиуми на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ)

Претставниците на МАПАС, Претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами и членот на Советот на експерти, Пранвера Сума, учествуваа на брифингот со новинари организиран од АДПФ.

​На овој работен состанок се дискутираше за стабилноста, предизвиците и перспективите за развој на капитално финансираниот пензиски систем во нашата земја.

​Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами и членот на Советот на експерти, Пранвера Сума, за време на дискусиите на брифингот високо ја оценија важноста на овој дијалог со медиумите и нагласија дека МАПАС останува посветена на заштитата на интересите на членовите на пензиските фондови, одржувањето на стабилноста на системот и зголемувањето на финансиската едукација во јавноста.

​МАПАС ќе продолжи со својата поддршка на сите иницијативи кои имаат за цел зголемување на сигурноста и придобивките за членовите на пензискиот систем.

Skip to content