Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Објава за 13-от Erste Investors’ Breakfast

Претставници на МАПАС присуствуваа на 13-от Erste Investors’ Breakfast, одржан на 05.11.2026 година, настан кој е посветен на актуелните глобални економски предизвици и инвестициски трендови, движењата на финансиските пазари, монетарните политики на централните банки и перспективите за инвестирање во услови на зголемена неизвесност.

Како регулатор на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС континуирано ги следи глобалните и регионалните економски трендови и случувањата на финансиските пазари, имајќи предвид дека тие директно влијаат врз инвестициското опкружување во кое се вложуваат средствата на пензиските фондови.

Темите опфатени на настанот, меѓу кои макроекономските предвидувања, монетарните политики, пазарните ризици и можностите за инвестирање, се директно поврзани со работата на МАПАС во делот на надзорот на инвестициските активности на пензиските друштва, како и со следењето на ризиците и трендовите со цел обезбедување стабилен, сигурен и транспарентен пензиски систем во интерес на членовите на пензиските фондови.

Skip to content