Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Известување до јавноста за лажен Facebook профил кој се претставува во име на МАПАС

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува јавноста дека е забележана појава на лажен профил на социјалната мрежа Facebook, кој неовластено го користи називот и логото на Агенцијата.

Во врска со ова, МАПАС информира дека граѓаните треба да бидат внимателни при комуникација и размена на информации преку вакви профили, бидејќи нивната содржина и активност не се поврзани со официјалното работење на Агенцијата.

Посебно апелираме до граѓаните да не споделуваат лични податоци, податоци за банкарски сметки, финансиски информации или други доверливи информации преку профили чија автентичност не е потврдена, како и да не постапуваат според барања или инструкции добиени преку такви профили.

Официјалните информации, соопштенија и известувања на МАПАС се објавуваат преку официјалната веб-страница на Агенцијата www.mapas.mk, како и преку нејзините официјални профили на социјалните мрежи:

МАПАС ги повикува граѓаните да бидат претпазливи и доколку наидат на профили кои неовластено го користат името и логото на Агенцијата, да не стапуваат во комуникација со нив и да ја известат Агенцијата.

Агенцијата ќе продолжи да ја информира јавноста за сите прашања поврзани со нејзиното работење и ги презема соодветните активности за заштита на својот институционален идентитет.

 

Skip to content