Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Информации од јавен карактер!

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (во понатамошниот текст: Агенцијата) е основана заради вршење супервизија на работењето на друштвата за управување со задолжителни пензиски фондови, друштвата за управување со доброволни пензиски фондови, друштвата за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови и професионалните пензиски шеми. Нејзина цел е заштита на интересите на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување. Агенцијата е регулаторно тело во капитално финансираното пензиско осигурување и во рамките на оваа функција донесува подзаконски и други акти заради имплементација на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, кои се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија” и / или на веб страната на Агенцијата. 

Директор на Агенцијата е м-р Булент Дервиши – тел. 02-3224-229, 3217-573, 3166-452
Заменик директор на Агенцијата е Ментор Јакупи.

Адреса: ул. Васил Главинов бб, Интекс Бизнис Центар 2, 1000 Скопје, Република Македонија.
Тел/факс: 02-3224-229; 3217-573; 3166-452

Интернет страница: www.mapas.gov.mk
email: contact@mapas.gov.mk 

Службено лице кое ќе посредува при остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на Агенцијата Дионис Стратров, тел. 02-3224-229; 02-3217-573; 02-3166-452, email: dionis.stratrov@mapas.gov.mk

Начинот на поднесување на барање за пристап до информации до Агенцијата односно постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се спроведува врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. 

Аген­ци­ја­та ги вр­ши след­ни­те ра­бо­ти: 

  • спро­ве­ду­ва актив­но­сти за при­би­ра­ње барања за основање пензиски друштва , из­да­ва, пов­ле­ку­ва и од­зе­ма доз­во­ли за ос­но­ва­ње на пензиски друш­тва, издава дозволи за вршење дејност-управување со доброволни пензиски фондови, дозволи за вршење дејност-управување со задолжителни пензиски фондови и издава, одо­бре­ни­ја за упра­ву­ва­ње со задолжителни и/или доброволни пен­зи­ски фондови;
  • вр­ши су­пер­ви­зи­ја на ра­бо­те­ње­то на пензиските друш­тва­ и пен­зи­ските­ фон­до­ви со кои тие упра­ву­ва­ат, а осо­бе­но го кон­тро­ли­ра за­ко­ни­то­то ра­бо­те­ње на исти­те;
  • вр­ши су­пер­ви­зи­ја на ра­бо­те­ње­то на прав­ни­те ли­ца кои се чу­ва­ри на средс­тва­та на задолжителните и/или доброволните пен­зи­ски­ фон­до­ви и на стран­ски­те ме­на­џе­ри на средс­тва на задолжителниот и/или доброволниот  пен­зи­ски­ фонд во вр­ска со ра­бо­те­ње­то со тие средс­тва;
  • го про­мо­ви­ра, го ор­га­ни­зи­ра и го пот­тик­ну­ва раз­во­јот на ка­пи­тал­но фи­нан­си­ра­но­то пен­зи­ско оси­гу­ру­ва­ње во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, во со­ра­бо­тка со Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка;
  • ја раз­ви­ва све­ста на јав­но­ста за це­ли­те и прин­ци­пи­те на пензиските друш­тва­ и на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фон­до­ви, за при­до­би­вки­те од чле­ну­ва­ње во задолжителен и/или доброволен пен­зи­ски фонд, вклучувајќи  ги и целите, принципите и придобивките од учество во професионална пензиска шема, за пра­ва­та на чле­но­ви­те на задолжителните и доброволните пен­зи­ски фон­до­ви и за дру­ги пра­ша­ња во вр­ска со капитално финансираното пензиско осигурување;
  • да­ва пред­лог за по­кре­ну­ва­ње на пре­кр­шоч­ни и  кри­вич­ни по­стап­ки пред над­ле­жен ор­ган про­тив пензиските друш­тва, чу­ва­ри на имот на задолжителни и/ или доброволни пен­зи­ски фон­до­ви, стран­ски ме­на­џе­ри на средс­тва и дру­ги ли­ца во слу­чај на по­вре­да на одред­би­те на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за доброволно  капитално финансирано пензиско осигурување и на дру­ги за­ко­ни;
  • ги сле­ди и ги разг­ле­ду­ва фи­нан­си­ски­те из­ве­штаи на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фон­до­ви и на пензиските друш­тва­;
  • води регистар на агенти, регистар на членови на задолжителни пензиски фондови и регистар на задолжителни и доброволни пензиски фондови;
  • за­ра­ди обез­бе­ду­ва­ње на ефи­кас­на су­пер­ви­зи­ја и ре­гу­ла­ти­ва на ка­пи­тал­но фи­нан­си­ра­ното пен­зи­ско оси­гу­ру­ва­ње и на фи­нан­си­ски­от се­ктор, со­ра­бо­ту­ва со Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии, На­род­на­та бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ко­ми­си­ја­та за хар­тии од вред­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и со дру­ги ор­га­ни и ин­сти­ту­ции во зем­ја­та и во странс­тво. Обе­мот, со­др­жи­на­та и фор­ма­та на со­ра­бо­тка по­де­тал­но ме­ѓу­себ­но ги уре­ду­ва Аген­ци­ја­та со над­леж­ни­те ор­га­ни и ин­сти­ту­ции;
  • со­ра­бо­ту­ва со Фон­дот на пен­зи­ско­то и ин­ва­лид­ско­то оси­гу­ру­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во де­лот на ов­ла­сту­ва­ња­та што му се до­ве­ре­ни на тој фонд со овој за­кон;
  • ги обработува личните податоци согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;
  • бара и дава лични податоци на користење согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;
  • до­не­су­ва акти сог­лас­но Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
  • до­не­су­ва ин­тер­ни упат­ства за сво­ја­та ра­бо­та и из­го­тву­ва струч­ни упат­ства, при­рач­ни­ци и слич­но, во вр­ска со ка­пи­тал­но фи­нан­си­ра­но­то пен­зи­ско оси­гу­ру­ва­ње;
  • ини­ци­ра до­не­су­ва­ње на про­пи­си и дру­ги акти во вр­ска со пензиските друш­тва­ и со пен­зи­ски­те фон­до­ви со кои тие управуваат;
  • се зач­ле­ну­ва и учес­тву­ва во до­маш­ни и ме­ѓу­на­род­ни ор­га­ни­за­ции, ко­га та­кво­то учес­тво е во ин­те­рес на ма­ке­дон­ски­от пен­зи­ски си­стем и
  • вр­ши дру­ги ра­бо­ти сог­лас­но Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. 

Ор­га­ни на Аген­ци­ја­та се Упра­вен од­бор и ди­ре­ктор. Во Агенцијата се формирани следните организациони единици:

  1. 1.Сектор за контрола;
  2. 2.Сектор за истражување;
  3. 3.Правен сектор;
  4. 4.Сектор за административно-финансиски работи и информатика;
  5. 5.Самостојни извршители;

Податоци од јавен карактер 

Подзаконски акти

www.mapas.gov.mk

 

Други податоци

  1. Број на членови и времено распределени членови во задолжителните пензиски фондови, број на членови во доброволните пензиски фондови (вкупно и по друштва).
  2. Податоци од статистички извештаи;
  3. Податоци за број и вид на поплаки од членови кои пристигнале во Агенцијата (освен оние кои се личен податок);
  4. Повици во постапките за јавни набавки;
  5. Податоци од Регистар на агенти (број на агенти, активни, пасивни, избришани), и од регистар на задолжителни и доброволни пензиски фондови;
  6. Надоместоците кои пензиските друштва ги наплаќаат од членовите (надомест од придонеси, надомест од средства и надомест за премин);
  7. Надоместокот што го наплаќа  Агенцијата од пензиските друштва.
  8. Годишни извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
  9. Годишни извештаи за состојбите во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување;
  10. Соопштенија на Агенцијата;
  11. Обуки, семинари, тркалезни маси и конференции кои ги организира Агенцијата;
Skip to content