Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

10 години Мапас

Денес на   26 ноември, во период од 11:00 -13:00 часот,  во Хотелот Холидеј Ин, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја прослави 10- годишнината од основањето на МАПАС и затварањето на ИПА проектот за поддршка на МАПАС.

Прославата почна со обраќањето на г. Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика, па потоа збор земаа и г. Луис Мелка, шеф на секторот за економски и финансиски односи и претпристапна помош, Делегацијата на ЕУ и Şibay Tuğsavul, директор на Проектот за поддршка на МАПАС и на крај се обрати Директорот на МАПАС, д-р Булент Дервиши со благодарни зборови до присутните. Прославата заврши со коктел.

Присуствуваа  гости, пријатели на МАПАС од земјата и од странство.
Исто така присуствуваа и новинари, сниматели и фоторепортери.        

Говор на директорот д-р. Булент Дервиши, по повод 10-годишнината од основањето на МАПАС

Презентација 10 години МАПАС
Презентација 10 години МАПАС (алб) 

Галерија                                                                                                                                                                          

                                    

Skip to content