МАПАС започна со имплементација на стандардот ИСО 9001:2008 со донесувањето на Политиката за квалитет на 24.04.2012 година од страна на директорот на МАПАС. Воедно, директорот на МАПАС назначи лице одговорно како Претставник на раководството за квалитет и Тим за квалитет кој содржи најмалку по две лица од секој сектор.
Имплементацијата на стандардот се одвиваше во рамки на ИПА проектот со помош на локален консултант. За потребите на стандардот беа изготвени оперативни процедури на МАПАС со активно учество на сите вработени на МАПАС и стандардни процедури на ИСО 9001:2008 во чие изготвување воглавно учествуваше Претставникот на раководството за квалитет. Процедурите (вкупно 101), прилозите на процедурите и Прирачникот за квалитет беа подготвени до крајот на месец октомври и беа усвоени од страна на директорот на МАПАС. На крај од месец октомври и почетокот на месец ноември се спроведе првата интерна ревизија за ИСО 9001:2008.
Екстерна ревизија се спроведе во две фази од страна на сертификациската куќа ДАС од Република Србија, акредитирана од UKAS (United Kingdom Accreditation Service). Првата фаза се спроведе на 20.11.2012 година, додека втората фаза се спорведе на 10 и 11.12.2012 година. Резултатот од екстерната ревизија беше позитивен за што МАПАС доби потврда од сертификациската куќа ДАС во која се наведе дека МАПАС ќе биде препорачана за добивање на сертификат за стандардот ИСО 9001:2008.
На 26 декември 2012 година, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се стекна со сертификат ИСО 9001:2008.