Со цел зголемување на транспарентноста и остварување побрз и модерен пристап кон информирањето на членовите и јавноста МАПАС започнува со издавање на месечен електронски информатор Е-МАПАС. Првиот број е објавен на 1 февруари 2013 година. Во него накратко ќе се обработуваат најновите теми од областа на капитално финансираното пензиско осигурвање, вести и новости, најчесто поставувани прашања, итн. Ако сакате редовно да го добивате овој информатор пријавете се на: contact@mapas.gov.mk.