На 15 мај 2013 година претставници на МАПАС одржаа презентација на Универзитетот ФОН, во рамките на соработката со универзитетите, со цел финансиска едукација на младите од областа на пензиското осигурување.
При тоа, студентите, кои задолжително ќе бидат вклучени во првиот и вториот столб на пензискиот систем по своето прво вработување, беа запознаени со нивните права и обврски во пензискиот систем, кој што вклучува и нивна активна улога и носење одлуки. Секако внимание беше посветено и на нивното запознавање со улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек. По презентацијата се разви богата дискусија за функционирањето на вториот столб, со акцент на зачленувањето и инвестирањето на средствата.
Претходно, во рамките на оваа соработка со универзитетите, претставници на МАПАС одржаа презентација на Државниот универзитет Тетово и учествуваа на Саемот за кариера на „Универзитетот на Југоисточна Европа“ – Тетово .