Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Одржана прес конференција за седмиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2012 година.

06.07.2013

На  06.07.2013 година во просториите на МАПАС, во присуство на голем број новинари од електронските и печатените медиуми, Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши одржа прес конференција на која накратко беше презентиран седмиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2012 година. На прес конференцијата учествуваа и членовите на Советот на експерти, Елизабета Видовиќ, Ментор Јакупи и проф. д-р.  Томе Неновски.

>>>

Извештајот, кој се однесува на 2012 година, покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување содржи и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, потоа содржи детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) како и состојби и трендови во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.

На презентацијта, д-р Булент Дервиши, ги истакна и последните активности на МАПАС во насока на подигнување на свеста на јавноста и излегување во пресрет на интересите на своите членови, особено младите како идни членови во тростолбниот пензиски систем преку:

  • Активирање на facebook страна
  • Изработка и достава на месечен информатор
  • Соработка со универзитетите, презентации и делење флаери на студентите за нивните права и обврски во пензискиот систем
  • Отворени денови за членовите

Материјалите од прес конференција може да ги најдете на:

обракање на претседателот на Советот на експерти

презентација

Извештајот за состојбите за 2012

 Галерија

Skip to content