Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Известување за вработени со бенифициран стаж

09.07.2013

Вработените, со бенифициран стаж, во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, казнено-поправните домови и воспитно-поправните установи, кои  станале членови на задолжителен пензиски фонд и кои се стекнале со бенифициран стаж пред (09.08.2012), можат до 09.08.2013 година да поднесат барање до Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)  за поништување на нивната регистрација како членови на задолжителен пензиски фонд. Образец на барањето има на следниов линк.

Доколку  овие осигуреници во законскиот рок се обратат до Агенцијата  со вакво барање и одлучат да преминат во едностолбниот систем, средствата што се акумулирани на нивната сметка во задолжителниот пензиски фонд ќе им бидат префрлени во Фондот на ПИОМ.

Во случај на пропуштање на овие рокови, Агенцијата нема да има законски основ да ја поништи нивната регистрација, односно тие ќе останат членови во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, иако членувањето е спротивно на нивните интереси.

За проверка дали се членови на задолжителен пензиски фонд, како и за сите подетални информации препорачуваме осигурениците најпрвин да се обратат во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на нашите телефонски броеви 02/ 3224 229 и 3166 452,. е-маил: contact@mapas.mk

Skip to content