Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на совет на експерти

Советот на експерти на седницата одржана на 27.09.2013 година ги донесе следните правилници:

1.Правилник за доброволни индивидуални и професионални сметки;
Со Правилникот за доброволни индивидуални и професионални сметки се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.  Усогласувањето се однесува на обврската на пензиското друштво, покрај евиденцијата за доброволните индивидуални и професионалните сметки за членовите, да води евиденција  и за доброволните индивидуални и професионалните сметки на пензионираните членови на доброволниот пензиски фонд.

2.Правилник за лиценцирање на пензиски друштва;
Со Правилникот за лиценцирање на пензиски друштва се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Во најголем дел усогласувањето се однесува на обврската на заинтересираните лица кои би биле основачи на пензиско друштво, при доставување на документи до МАПАС, да достават  и информации за лица одговорни за управување со ризици и пресметка на програмирани повлекување, како и обврската за  вклучување на пензиското друштво  во Центарот за котација. 
 
3.Правилник за начинот и постапката на пренос на средствата во Фондот на ПИОМ;
Со Правилникот  за начинот и постапката на пренос на средствата во Фондот на ПИОМ се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Во најголем дел усогласувањето се однесува на префрлање на оперативните обврски од Агенцијата на пензиските друштва при што Агенцијата ја задржува контролната функција. Исто така, се утврдува преносот на средства во случај на пресметана разлика од секоја индивидуална сметка при пренос на сметка на Фондот на ПИОМ и фиксен износ при пресметана разлика од секоја индивидуална сметка кој се префрла на сметка на друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд.
 
4.Правилник за начинот и постапката за оценување на вработените во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
 
          5.Правилник за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови.
Со Правилникот  за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Исто така со овој правилник се поедноставува содржината на извештаите кои се доставуваат до членовите, и се однесуваат на состојбата на нивните сметки и на портфолиото на пензискиот фонд. Пропишан е образец за детален извештај за состојба на сметка која членот може да ја добие и по електронски пат.
Skip to content