Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Булент Дервиши

bulent_dervisi1

bulent.dervisi@mapas.mk

Булент Дервиши е роден на 24.07.1980 година во Гостивар.

Во 2012 година успешно ја одбрани својата докторска дисертација и се стекна со звање Доктор на економски науки.

Првите работни ангажмани ги започнал во 2005 година во Амбасадата на Република Турција во Република Македонија како асистeнт на Економското атеше каде што работел една година. Во 2006 година со успех го завршил испитот за државни службеници и почнал со работен ангажман во Министерството за финансии на Република Македонија во Секторот за меѓународни финансии каде работел како помлад соработник во мултилатерална финансиска соработка. Својот работен ангажман во 2007-2008 година го продолжил во Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, одделение Гостивар и на неколку стручни позиции.

Октомври 2008 – Февруари 2013 година од Владата на Република Македонија бил именуван за директор во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). 

Од февруари 2013 година од Собранието на Република Македонија е назначен за Претседател на советот на експерти  во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). 

Почнувајки од студирањето до денес со извршувањето на секојдневните работни обврски, континуирано посветувал внимание на зголемување на професионални знаења и вештини следејки повеќе обуки, конференции и студиски престои со што се здобил со повеќе сертификати.

Skip to content