13.02.2015
На ден 11.02.2015 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување од страна на претседателот на Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија и претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија беше потпишан Колективниот договор на независни регулаторни тела.
На свечениот настан присуствуваа раководните лица на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Агенцијата за супервизија на осигурување, Комисијата за хартии од вредност, претставници од Агенцијата за пошти и на Синдикалните организации.