Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА МЛАДИТЕ

18.02.2015

Во рамките на едукативната кампања за младите под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “, МАПАС и претставници од пензиските друштва  на 16.02.2015 година го посетија Филолошкиот факултет при Државниот Универзитет во Тетово.  Претставниците од МАПАС и од пензиските друштва одржаа презентација за пензиското штедење на околу 100 студенти од завршните години како и пред присутните локални медиуми и професори од факултетот. Од страна на студентите имаше голема посетеност и заинтересираност во врска со темата за пензиско штедење и притоа им беа поделени наменски изработените информативни брошури.

prezentacija1

Со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да ги запознаеме со пензискиот систем во целина и улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек. Исто така, со кампањата ќе им ги појасниме  правата и обврските на младите во пензискиот систем, кој што вклучува и нивна активна улога и носење одлуки за избор на пензиски фонд. 

Skip to content