Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје активно се вклучија во реализација на активностите за одбележување на Глобалната недела на парите и преку свои претставници на ден 29.03.2017 година реализираа посета на ОСУ„ Коле Неделковски“ во Велес и ОСУ „ Кирил и Методиј“ во Неготино.
Во училиштата беа реализирани едукативни предавања преку кои учениците се запознаа со основните карактеристики на пензискиот систем и функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување. Во текот на предавањaта особено внимание беше посветено на потребата од постојана финансиска едукација и зголемување на свесноста кај младите за штедење и инвестирање на своите финансиски средства. Беше остварена и посета во експозитурите на НЛБ Банка каде учениците и практично имаа можност да се запознаат со работата на агентот како претставник на пензиското друштво и постапката на зачленување во вториот и третиот пензиски столб.