Советот на експерти на седницата одржана на 13.02.2018 година ги донесе:
1. Правилникот за измена на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност
Образложение
Со член 1 од измената на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност се предлага да се брише критериумот сопствени средства кој брокерската куќа треба да го поседува и одржува. Со член 2 од измената се предлага бришење на податоци од понудата што ја доставуваат брокерските куќи (неревидирани финансиски извештаи, последен годишен ревидиран финансиски извештај и потврда дека не му е изречена забрана за вршење на сите или дел од услугите со хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија) .
Овие измени ќе се придонесат за поедноставување и унапредување на постапката за избор на правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност.
2. Правилникот за измена на Правилникот за надоместоци за задолжителните пензиски фондови
Образложение
Измената на овој правилник произлезе од потребата за поголема информираноста, на членовите на пензиските фондови и граѓаните воопшто, со промената на надоместоците кои ги наплатуваат пензиските друштва. Се предлага друштвата да ја објави промената на законски определениот надоместокот, во рок од пет дена од денот на настантата промена, најмалку во еден од најтиражните дневни весници што излегува во Република Македонија. Со преодна одредба се задолжуваат постојните пензиски друштва, кои не ја објавиле промената, да ја објават промената на законски определениот надоместок за 2018 година.
3. Правилникот за измена на Правилникот за сметковниот план, формата и содржината на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови
Образложение
Измената во овој правилник произлезе од потребата за негово усогласување со Правилник за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво со кој се уреди пензиското друштво да ги доставува финансиските извештаи за пензиските фондови во електронска форма.
4. Правилникот за измена на Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиско друштво
Образложение
Измената во овој правилник произлезе од потребата за негово усогласување со Правилник за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво со кој се уреди пензиското друштво да ги доставува финансиските извештаи за пензиските друштва во електронска форма.
5. Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво
Образложение
Со дополнувањето на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, се определува рок по кој Агенцијата врши уништувањето на документите доставени од пензиското друштво кои содржат лични податоци. Ова произлезе од спроведената контрола за заштита на лични податоци како препорака да се пропише рок во кој ќе се чуваат личните податоци по што истите се уништуваат прописите за уништување на лични податоци.
6. Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање
Образложение
Со дополнувањето на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање, се определува рок по кој Агенцијата врши уништувањето на документите доставени од пензиското друштво кои содржат лични податоци. Ова произлезе од спроведената контрола за заштита на лични податоци како препорака да се пропише рок во кој ќе се чуваат личните податоци по што истите се уништуваат согласно прописите за уништување на лични податоци.