Предавање на тема: ,,Капитално финансирано пензиско осигурување”
На ден 18.04.2018 претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на покана на д-р Маја Парнарџиева-Змејкова беа гости предавачи во Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Капитално финансирано пензиско осигурување“.
Претставниците на МАПАС, Билјана Котеска, раководител на Сектор за истражување и меѓуинституционална соработка и Дарко Саздов, раководител на Сектор за финансиска контрола, одржаа презентација на тема „Капитално финансирано пензиско осигурување“ за студентите од додипломски студии кои го слушаат предметот Финансиски пазари и инстутуции кај д-р Маја Парнарџиева-Змејкова. Студентите беа запознаени со институциите во системот, зачленувањето во пензиските фондови, инвестирањето и чувањето на средствата на пензиските фондови и фазата на исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување.