Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека врз основа на доставени Барања од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Советот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 08.06.2018 година даде одобренија за промена на фирма/назив на друштвото и промена на називот на пензиските фондови.
По добиеното одобрение називот на пензиското друштво ќе гласи:
– Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д Скопје
– Скратен назив: Сава пензиско друштво а.д Скопје
По добиените одобренија називите на пензиските фондови ќе гласат:
Задолжителен пензиски фонд
– Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд
– Скратен назив: Сава пензиски фонд
Доброволен пензиски фонд
– Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус
– Скратен назив: Сава пензија плус