Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Одржан настан по повод “Ден за пензиска свесност – 15 септември”

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за одржан информативен настан по повод

Ден за пензиска свесност – 15 септември

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), организираше информативен настан по повод одбележување на “Ден за пензиска свесност – 15 септември”.

Информативниот настан се одржа на 14-ти септември (петок), на плоштад Македонија до хотел Мериот. На настанот учествуваа МАПАС и двете пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Исто така, настанот беше одбележан и низ повеќе градови во деловните соработници на пензиските друштва:
– Експозитури на НЛБ Банка АД Скопје, деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје,

– Експозитури на Комерцијална банка АД Скопје, деловен соработник на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Целта на овој информативен настан беше да се истакне и да се зголеми свесноста за пензискиот систем и важноста на финансиската писменост на јавноста и за таа цел на настанот беа поделени најнови информативно – едукативни материјали подготвени од страна на МАПАС и пензиските друштва.

Со почит,
Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

Skip to content