Советот на експерти одржа електронска седница на 31.12.2018 година и донесе:
- Правилник за членство во задолжителен пензиски фонд
Образложение
Со измената на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се врши усогласување со измената на Законот за задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување која се однесува на категоријата на осигуреници кои може да станат членови на задолжителен пензиски фонд.
- Правилник за пренос на средства по престанок на членство во задолжителен пензиски фонд
Образложение
Со овој правилник поблиску се пропишува начинот на пренос на вкупниот износ на средствата, во ФПИОМ од сметката на членот на задолжителен пензиски фонд, роден пред 01.01.1967 година, на кој му престанува членството во задолжителен пензиски фонд на 01.01.2019 година; на член роден пред 01.01.1967 година, кој пристапил во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување по сопствен избор и станал член на задолжителен пензиски фонд и на кој му престанува членството во задолжителен пензиски фонд со давање на изјавата за престанување на членство или на 30.09.2019 година и на членот кој во текот на осигурувањето се стекнал со својство на осигуреник согласно член 11 точка 9 и 15 од Законот за ПИО или во текот на осигурувањето имал стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење и му престанува членството во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување на 01.01.2019 година.