Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Ферди Касами, кој трагично го загуби својот живот во сообраќајната несреќа што се случи на 13.02.2019 година на патот Скопје – Тетово.
Ферди Касами е роден на 13.08.1980 година, беше вработен во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од 2012 година како раководител на секторот за финансиско административни работи.
Сите вработени во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател.