Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Информација од 25-та седница на Советот на експерти, одржана на 29.11.2019 година

Советот на експерти одржа седница на 29.11.2019 година и донесе:

 

  • Правилник за измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови

Образложение:
Со измената на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови се овозможува пензиското друштво, при определувањето на пазарната вредност на определена хартија од вредност со која се тргува на пазарот на земјите членки на Европската унија и земјите членки на ОЕЦД, да користи и информации за финанскиот инструмент покрај од досегашниот финансиско-информативниот сервис Bloomberg и од финансиско-информативниот сервис Refinitiv.

  • План за подобрување на капацитетите во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде согласност на:

  • Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за период од 2020 година до 2022 година и
  • Годишниот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2020 година.

Советот на експерти ги разгледа:

  • Извештајот од спроведената функционална анализа во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019 година и
  • Конечениот извештај за извршена ревизија на активностите поврзани со комуникација и давање квалитетна услуга кон сите поднесени барања, претставки, предлози и поплаки  од страна на членовите на пензиските фондови, другите осигуреници во пензискиот систем и секој заинтересиран граѓанин.
Skip to content