Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Меѓународна конференција на ИОПС за пензиска супервизија и регулатива 2020

На 27.2.2020 година во Маврициус се одржа меѓународна конференција на тема “Финансиски и управувачки предизвици во приватните пензиски шеми”. Конференцијата беше организирана од Меѓународната организација на пензиски супервизори (ИОПС) и Комисијата за финансиски услуги од Маврициус. Главни теми на конференцијата се:

  • Меѓународното искуство во зголемување на стапката на покриеност на приватните пензии;
  • Пазарните трендови и предизвиците во супервизијата во рамките на инвестициите на пензиските фондови;
  • Управување со недоволно финсирани пензиски шеми со дефинирани пензии и
  • Како да се подобри управувањето со приватните пензиски фондови.

Покрај оваа меѓународна конференција на 26.2.2020 година се одржа и работилница на ИОПС за премин од пензиски шеми со дефинирани пензии во пензиски шеми со дефинирани придонеси и на 28.2.2020 година се одржаа состаноци на Комитетот на ИОПС.

 

Повеќе информации на следниот линк:

IOPS International Conference on Pension Supervision and Regulation 2020

Skip to content