Информација од 32-та седница на Советот на експерти, одржана на 25.06.2020 година
Советот на експерти одржа седница на 25.06.2020 година и донесе/усвои:
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки
Образложение:
Со измената на Правилникот за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки се дополнува одредбата која се однесува на условите за определување на номиналната каматна стапка во случај фондот да работи помалку од три календарски години.
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019 година;
- Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2019 година.
Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
- 1.Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на одговорно лице на Секторот за управување со инвестициско портфолио;
- 2.Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за договорите за договорите склучени со правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност Комерцијална банка АД Скопје и Еурохаус АД Скопје;
- 3.Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за измена на договорот со чувар на имот НЛБ Банка АД Скопје.