Информација
од 38-та седница на Советот на експерти, одржана на 03.12.2020 година
Советот на експерти одржа седница на 03.12.2020 година и донесе:
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на чуварот на имот.
Образложение:
Со измената на Правилникот за известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на чуварот на имот се усогласуваат одредбите со Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови согласно кои друштво при определувањето на пазарната вредност на определена хартија од вредност со која се тргува на пазарот на ЕУ и земјите членки на ОЕЦД, покрај Bloomberg ги користи и информациите за финанскиот инструмент од финансиско-информативниот сервис Refinitiv.