Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Глобална недела на парите

17.03.2014

„Глобалната недела на парите“ оваа година се одржа од 10 до 17 март, а учество земаа околу два милиона деца од над сто земји во светот. Активностите беа организирани од над петстотини институции и организации. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС зема активно учество во „Глобалната недела на парите“ организирајќи посети во средни училишта како дел од активностите на Координациското тело за финансиска едукација во Р.Македонија. 

Агенцијата ги посети средните училиштаСУГС Раде Јовчевски Корчагин, СУГС Никола Карев”, СУГСГим Орце Николов, СУГСГим Јосип Броз Тито и СУГС Георги Димитров во Скопје каде одржа презентации пред 150 средношколци. По одржаните презентации беа поставени наградни квиз прашања на учениците каде беше покажана голема активност и заинтересираност од нивна страна.

gmw_1

Галерија

Skip to content