Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на Советот на експерти

11.03.2014

Советот на експерти на седницата одржана на 24.02.2014 година ги донесе/усвои следните акти:>>>

  1. Квартален извештај за реализација на годишниот план за јавни набавки за периодот од 15.09.2013 година до 31.12.2013 година;
  2. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност;
    Измената и дополнувањето на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност произлезе од потребата за унапредување и поедноставување на постапката за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност. 
  3. Правилник измена на Правилникот за максималниот износ и за начинот на плаќање на паричниот надоместок за премин на член од еден во друг пензиски фонд;
    Со измената на Правилникот за максималниот износ и за начинот на плаќање на паричниот надоместок за премин на член од еден во друг пензиски фонд се врши  усогласување со измените во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, кои се однесуваат на постапката на премин од еден во друг пензиски фонд. Согласно закон постапката за премин на член од еден во друг пензиски фонд се одвива помеѓу сегашното и идното друштво и од оваа постапка е исклучена Агенцијата.
Skip to content