Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Студиска посета во Рига – дел од Taiex проектот

19.08.2014

Во периодот од 30 јули до 01 август 2014г. претставници на МАПАС беа во студиска посета на Financial and Capital Market Commission of Latvia (FCMC) – супервизор и регулатор на финансискиот пазар во Латвија.

Целта на посетата беше размена на искуства заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива, а беше ставен посебен акцент на управувањето со ризиците на пензиските фондови.
Притоа, беа одржани презентации за пензискиот систем во Латвија, а следеше презентација на најновите супервизорски практики во МАПАС. Потоа беа одржани презентации за управувањето со ризиците, улогата на супервизорските органи, а по одржаните презентации следеа интерактивни дискусии и размена на искуства за супервизорските практики, проблеми и предизвици со кои се соочуваат двете институции во капитално финансираното пензиско осигурување. 

Оваа студиска посета е од исклучителна важност за унапредувањето на работењето на МАПАС особено за супервизијата базирана на ризик и можност за развивање на нови супервизорски алатки.

Skip to content