Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на Советот на експерти (27.04.2021)

Информација од 44-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.04.2021 година

Советот на експерти одржа седница на 27.04.2021 година и донесе:

• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за лиценцирање на пензиски друштва

Образложение:

Со членовите 1, 3 и 4 од измената на Правилникот за лиценцирање на пензиски друштва се брише ограничувањето за искуството кое треба да го имаат основачите во областа на управување со пензиски фондови и се отвара можност на пазарот да се вклучат и правни лица кои имаат искуство во управување со средства во поширока смисла на зборот (инвестициски фондови, банки и други финансиски институции).
Со членовите 2 и 5 се врши усогласување на текстот на правилникот со новиот назив на Управата за финансиско разузнавање и новото име на државата.
Со членот 6 се врши номотехничко подобрување на текстот на обрасците кои се составен дел на правилникот.

• Стратегиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот 2021–2025 година.

Советот на експерти даде одобрение на:

• Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за изменување на одговорно лице за управување со ризици;
• Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за изменување и дополнување на Статутот на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и
• Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Весна Стојановска за член на Управниот одбор на Друштвото.

Skip to content