02.03.2015
На 28 февруари 2015 година Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС, како дел од Координациско тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација, беше учесник во работилницата за новинарите од економските редакции на печатените, телевизиските и електронските медиуми која се одржа во Хотел Романтик, Дојран.
Целта на работилницата беше да се подигне нивото на финансиска писменост кај населението на Република Македонија, покрај другите активности, и преку соработката со новинарите. За време на работилницата им се даде можност на новинарите да разменат мислења со професори по економија и со стручни лица од регулаторите на финансискиот сектор за одредени показатели и појави во економијата и финансиите. На работилницата презентации имаа претставници од регулаторите на финансискиот систем во Р. Македонија покривајќи различни теми од финансискиот сектор. Презентацијата на МАПАС беше на тема “Поддршка на капитално финансирано пензиско осигурување преку најзначајните измени и дополнувања во законската и подзаконската регулатива” која се однесуваше на пензискиот систем во Р.Македонија и на законските измени кои придонесуваат за развој на пензискиот систем во целина. Исто така, се даде краток осврт на најзначајните статистички податоци од втор и трет столб односно капиталното финансирано пензиско осигурување.