29.04.2015
Во континуитет на проектот „Ден за Вас“, кој што е дел од програмата на Владата на Р.Македонија и е во насока на подигнување на степенот на информираност на граѓаните за периодот на нивното осигурување и за сите отворени прашања од областа на пензиско- инвалидското осигурување, Фондот на ПИОМ во соработка со МТСП и МАПАС, денес спроведе уште една успешно организирана отворена средба со граѓаните.
Средбата насловена како „Ден за Вас“, овој пат беше организирана во паркот во општина Чаир, каде што граѓаните само со лична карта ги добиваа потребните информации од тимот вработени од Фондот на ПИОМ, МТСП и МАПАС.