Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Известување за истражување

04.05.2015

Се известуваат членовите на вториот столб на пензискиот систем во Република Македонија дека во периодот од 30.04.2015 – 30.06.2015 година ќе биде спроведено истражување на јавното мислење за добивање на информација за информираноста и запознаеноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во Република Македонија за нивните пензиски заштеди и придобивки од членството во втор столб. Истражувањето ќе го врши Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за потребите на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС. 

Целта на истражувањето е да се подигне јавната свест и да се подобри информираноста за пензискиот систем и за правата и обврските на членовите на вториот, од една страна, како и да се обезбедат информации за запознаеноста на членовите во задолжителните пензиски фондови и за преземање дополнителни активности во насока на подобрување на нивното работење и излегување во пресрет на интересите на членовите, од друга страна.

Истражувањето ќе го спроведе ИПИС преку телефонска анкета на членовите на вториот столб. За спроведување на истражувањето, ИПИС ќе го праша секој испитаник дали сака или не сака да учествува во анкетата, известувајќи го дека учеството е доброволно.

Во истражувањето ќе учествуваат само лицата кои ќе дадат согласност.

Ви благодариме на соработката. 

Skip to content