Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Меморандум за соработка меѓу МАПАС и АСО

На 14 декември 2010 година потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на капитално финанасираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

 
Имајќи ги во предвид активностите и средствата во капитално финансираното пензиско осигурување и во областа на осигурување  се зголемува и потребата од соработка помеѓу релевантните супервизорски тела во Република Македонија. Соработката меѓу МАПАС и АСО има за цел да го зајакне ефикасното и ефективното извршување на законските надлежности на двете институции преку  размена на искуства и информации и давање взаемна помош во областа на  осигурувањето и капитално финансирано пензиско осигурување. Обемот, формата и содржина на соработката помеѓу институциите се уредуваат преку  Меморандум за соработка, кој беше потпишан на 14 декември 2010 година, од страна на директорот на МАПАС, м-р Булент Дервиши, и директорот на АСО, д-р Климе Попоски. Со Меморандумот се уредува соработката помеѓу двете институции која ќе се остварува преку размена на информации, мислења и искуства, стручна и техничка помош, заедничка едукација, итн.

Skip to content