Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Намалување на трошоците на капитално финансирано пензиско осигурување

Oдржана прес конференција на 13.01.2010 во просториите на Министерството за труд и социјална политика каде беше објавено намалување на трошоците во капитално финансирано пензиско осигиривање. 

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами на прес конференција информираше за одлуката на Владата на РМ за максималната висина на надоместокот за 2010 година којшто го наплатуваат Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), пресметан како процент од уплатените придонеси. Со одлуката овој процент се намали на 1% од претходно утврдениот 1,5% во 2009 година.

                                                  

Министерот Бајрами речe: “Во вкупниот процент  за 2010 година, надоместокот којшто го наплатува МАПАС изнесува  0,8%, а надоместокот којшто го наплатува ФПИОМ изнесува 0,2%.”

Утврдувањето на надоместокот којшто го наплатуваат МАПАС и ФПИОМ за 2010 година произлезе од изготвени анализи врз основа на проекциите на приливите на придонеси во задолжителните пензиски фондови, очекуваниот број на членовите на вториот столб, како и од заштедите коишто МАПАС ги има остварено претходните години.

 “Ова намалување на трошоците на системот за државните институции  од 33% претставува значаен сигнал којшто Владата на РМ го испраќа на пензискиот пазар и истиот директно ќе влијае на намалување и на вкупниот надоместок којшто го наплатуваат пензиските друштва”, потенцираше министерот Бајрами.

Заклучно со 31.12.2009 година има 237.024  членови во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, а вкупните средства во пензиските фондови во 2009 година изнесуваат 140 милини евра.

На прес конференцијата, покрај министерот за труд, присутни беа заменик министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, директорот на Фондот на ПИОМ,  Исни Јакупи и директорот на МАПАС, Булент Дервиши.

Skip to content