На 20 септември 2007година потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на капитално финанасираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Словенија (ИСА)
Имајќи ја во предвид зголемената меѓународна активност на финансиските пазари, вклучувајќи ги и пазарите на осигурување и пензиски фондови, се зголемува и потребата од соработка помеѓу релевантните супервизорски тела. Оваа соработка има за цел да ја зајакне ефективноста во извршувањето на задачите, зададени со релевантната регулатива, кои овие две регулаторни тела ги извршуваат во своите земји. Во таа насока на 20 септември 2007г. директорот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од Република Македонија, Зорица Апостолска и директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето од Словенија, Михаил Перман, потпишаа Меморандум за размена на информации соработка.
Меморандумот ја уредува соработката помеѓу двете институции, поврзана со размената и употребата на информации и податоци како и обезбедувањето на взаемна обука и размена на искуства. Потпишувањето на овој Меморандум е од особено значење за ефикасното извршување на задачите на МАПАС, имајќи го во предвид фактот дека мнозинските основачи на двете друштва за управување со пензиски фондови кои работат во Македонија се големи компании од Словенија.