Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на 28.01.2009 година потпиша меморандум за соработка со Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата м-р Булент Дервиши и директорот на Управата Ване Цветанов.
Со меморандумот се уреди соработката помеѓу Агенцијата и Управата на полето на размена на податоци и информации, искуства, вршењето на надзорот над субјектите, како и обука и размена на искуства, со што се формализира и досегашната добра соработка и се зајакнаа капацитетите на двете институции.