Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Одржана работна средба меѓу претставници на МАПАС и претставници на Телото за финансиска супервизија (АМФ) од Албанија

На 2 и 3 април 2013 г. МАПАС беше домаќин на претставници од Телото за финансиска супервизија (АМФ) од Албанија, со кое во јануари 2013 година МАПАС склучи меморандум за соработка.

Целосен текст

Галерија 

Заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и размена на искуства, МАПАС соработува со повеќе институции од финансискиот и пензискиот сектор во земјата и во странство.

На средбата присуствуваа членови на Советот на експерти на МАПАС и вработени во МАПАС, како и претставници од сите сектори на Телото за супервизија (АМФ) од Албанија.

При тоа, беше одржана презентација за капитално финансираното пензиско осигурување во Македонија и улогата и активностите на МАПАС.

Следеше кратка презентација на пензискиот систем во Албанија.  АМФ е основана во 2006 година како јавна независна институција. АМФ е одговорна за регулативата и супервизијата на небанкарскиот финансиски сектор. Главни области на регулирање и супервизија се: осигурителен пазар, пазар на хартии од вредност, приватен дополнителен пензиски систем и други не-банкарски финансиски активности. Основна цел е заштита на интересите на потрошувачите, промоција на одржливост, транспарентност и сигурност во осигурителната област, пазарот на хартии од вредност и дополнителниот приватен пензиски систем.  

По презентациите, следеше богата дискусија за развојот на пензискиот пазар во двете земји и супервизорските практики, со посебен акцент на лиценирањето, супервизијата и предизвиците на супервизија заснована на оценка на ризик, надоместоците и други важни прашања од областа на капитално финансираното пензиско осигурување.

Во рамките на својата посета на Македонија, претставниците на Телото за супервизија од Албанија остварија и посети на двете пензиски друштва. 

Skip to content