17.09.2015
Ажурирање и корегирање на лични податоци на членовите во втор и трет столб
Пензиските друштва до своите членови еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.
Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања, кои пензиските друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ги доставуваат до своите членови, од особено значење е членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци. Сите членови кои имаат промена во своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва.
Седиштата и веб страниците на двете пензиски друштва се:
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
|
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
|
ул.Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје тел: 02/5100-285
|
бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје тел: 02/3243-777
|
За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат – Барање за ажурирање или корекција на лични податоци. Од почетокот на 2015 година се воведе новост со која што се овозможува на членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва, да ги ажурираат/корегираат своите лични податоци.